
Нема дилема дека соседна Бугарија ќе плаќа гас во рубљи. Песков, портпаролот на Кремљ вели, сакале или не, тие ќе мораат да платат гас во рубљи бидејќи презеле непријателски чекори против неговата земја.
Бугарија презеде непријателски чекори против нас, па тие ќе мора да платат во рубљи, сакале или не
Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека одлуката на Москва ќе создаде многу проблеми
Тој објасни дека Бугарија, земјата преку која се испорачува гас за Србија и Унгарија, изјавила дека не сака да се префрли на рубљи во плаќањата за гас
Песков се осврна на загриженоста на Србија, истакнувајќи дека земјата се воздржувала од какви било непријателски дејствија или коментари против Русија во врска со Украина.
Ова не важи за Србија. Проблемот останува да се реши и, нормално, грижата на Србија ќе биде наш главен приоритет.
Тоа е апсолутно нормално, Вучиќ е во право, ова навистина може да биде проблематична ситуација, бидејќи во овој случај Бугарија презеде непријателски чекори против нас, па тие ќе мора да платат во рубљи, сакале или не – изјави Песков.