
Нада од Задар споделува исповед за она што и се случило на работното место
Се решив да сменам работно место. Најпрвин работев во Дубровник, Хрватска. Таму бев локален водич на групи кои доаѓаа од странство, а на кои им требшае човек кој ќе им ги презентира убавините на градот. По 2 години заминав во Загреб, а потоа во Задар. Таму се вработив во фирма за недвижности.
Во првите месеци бев многу задоволна од односот на нашите менаџери и сопственици спрема вработените, меѓу кои бев и јас. Ништо не укажуваше на тоа дека може нештата да се променат драстично, се додека не дојде и тој ден кога бев повикана од човекот кој ја поседуваше фирмата во која работев.
Си реков што се случи, имав некоја трема и возбуденост. Мислев да не сум утнала нешто, се плашев за своето работно место иако потајно знаев дека сум спремна за напредок, а не за отказ, земајќи ги предвид сите мои активности во компанијата.
Влегов. Седеше на столот и гледаше во својот телефон. Ми рече „седи Нада, повели“. Погледот му остана во неговиот телефон, а едната рака веќе го држеше службениот телефон каде што и за двајцата нарача кафе. По неколку минути седење и гледање во телефонот, конечно се реши да ми се обрати: И Нада, како ти се допаѓа растот и напреодкот на компанијата? Како си задоволна од твоите активности?
Нормално дека ова беше очекувано прашање, иако не знаев зошто точно се наоѓам таму. Му одговорив.
Па знаете, јас навистина сум задоволна од односот на сите мои претпоставени, а јас лично сум премногу задоволна од мојата активност и од тоа како јас се вложив во оваа работа. Очекувам дека во иднина многу работи ќе може да бидат уште подобри и дека заедно ќе моижеме да реализираме една убава успешна приказна. Не поминаа ниту две секунди од таа моја реченица и веднаш добив реплика: Секако дека ќе ги реализираме, а јас за тоа веќе имам конкретен предлог. Знаеш Нада, ти си една убава, паметна, харизматична млада и амбициозна жена. Мене посебно ме радува што имам ваков член во мојот тим. Меѓутоа, веќе не можам да молчам. Дојди седни до мене, ми рече.
Во тој момент разбрав дека мојот газда всушност сака да флертува со мене.
Си седев онака, а длабоко во себе размислував за неговата жена и деца. Се решив да останам таму каде што сум не само поради нив, туку и поради тоа што едноставно тој не ми се допаѓаше. Реков: Веројатно сте згрешиле нешто, јас сакам директни луѓе, а вие сте мој претпоставен. Слободно отворете си ја душата.
Во тој момент го добив неговиот конкретен предлог да бидам со него во тајна врска, а како награда за тоа ќе сум добила пари и напредок во фирмата. Не успеав да оддолеам на шансата да го спасам животот на неговата жена која можеби мисли дека има искрен и сериозен маж кој не флертува со други жени, па се решив да му пријдам.
Му реков, седете овде. Да сменам облека и веднаш доаѓаме. Би било добро да си пуштите погласна музика во просторијата. Тој се насмевна и ми одговори: Едвај чекам!
Во меѓувреме и пишував порака на неговата жена колку што е можмно побрзо да дојде во фирмата без притоа да му каже на сопругот дека доаѓа, бидејќи наводно тој имал изненадување за неа. Таа прифати. Ми рече, ти благодарам, ќе дојдам веднаш.
Се вратив во неговата канцеларија. Облечена во провокативно здолниште и без ништо друго на себе. Успеав да го привлечам неговото внимание со само неколку потези по што успеав во рок од 10 минути да го направам како од мајка роден. И секако, кога тој очекуваше дека ќе му се исполни желбата, влезе неговата драга женичка која тој сака да ја вара со негови вработени, како услов за тие да напредуваат во фирмата и да земаат пари од него како да се некоја стока.
Натаму да ви раскажувам? Па нема потреба. Жената едноставно го фотографираше во една таква состојба со мене, ми се заблагодари а потоа му рече: Јас заминувам дома. Да не слушнам ниту збор. Напротив. Ако само влакно и фали на девојката, ќе си имаш работа со мене и ќе заборавиш и на твоите деца, но и на твојот бизнис. Од утре ќе бидеш мој роб! Се до оној момент до кога не одлучам да се разведам од тебе.
Така јас напредував во фирмата, на овој очи не му гледав, а со неговата жена станав пријателка со која пијам кафе и ден денешен.
Тие живеат формално во брак, но на различни локации, без притоа да се гледаат еден со друг, освен кога треба да и ги предаде благодетите од фирмата на својата сопруга.