
„Ferrari“ објави прва официјална фотографија од својот прв SUV модел: Погледнете како изгледа „Purosangue“
„Ferrari“ одлучи да објави прва официјална тизер фотографија која делумно го открива изгледот на новиот „Purosangue“.
Италијанската компанија ја објавила фотографијата на социјалните мрежи, а „Purosangue“ во сенка сепак открива некои детали од изгледот на предниот дел.
Сепак, било доволно преку компјутерска програма за обработка на фотографии да се осветли фотографијата, за подобро да се види првиот SUV на компанијата од Маранело.
Со овој потег многу подобро се гледаат деталите на дизајнот, иако не станува збор за фотографија со најдобар квалитет. Овој тизер потврдува дека фотографиите кои неодамна се појавија на интернет навистина го прикажуваат овој модел во своето сериско издание.
За моделот кој го носи името „Purosangue“ многу се зборуваше во текот на изминатите 4 години. Она што е сега познато е дека автомобилот ќе биде поставен на нова платформа, а се очекува и V12 мотор, но и хибридна опција со V6 агрегат, слична како кај моделот „296 GTB“.
Тестирањето на камуфлираната верзија започна дури пред неколку месеци, а со оглед дека компанијата одлучи да ја претстави оваа тизер фотографија, се очекува „Purosangue“ кога-тогаш да остане без камуфлажа.
Во понудата на „Ferrari“, овој SUV ќе биде индиректна замена за „GTC4 Lusso“ со 4 седишта, кој беше повлечен од продажба уште кон крајот на 2020 година.
Премиерата на „Ferrari Purosangue“ се очекува во текот на оваа година.