
Позитив на денот: Куче 13 часа со своето тело греело планинар заглавен на планина
Хрватската планинска спасувачка служба соопшти дека вчера успешно ја завршиле една од најтешките спасувачки операции кои ги организирале било кога и дека е спасен пов реден планинар кој се лизнал низ падина од 150 метри на највисокиот врв на Велебит (Вагански врв).
За среќа приказната има среќен крај, бидејќи во самата акцијата учествувале 27 спасувачи од Госпиќ, Задар, Сплит и Истра. Планинаротш се наоѓал на многу непристапен терен, па акцијата за спасување траела речиси девет часа.
Спасувачите објавија и детал на Фејсбук кој ги воодушеви сите. Имено, заедно со планинарот се лизнало и неговото куче кое не било пов редено и се свиткало покрај планинарот, греејќи го со своето тело цели 13 часа, помагајќи му да не замрзне на снегот и држејќи го во живот.
Од овој пример, сите можеме да научиме како да се грижиме еден за друг, напишаа спасувачите.