
Милош Биковиќ проговори за интимните сцени кои ги снима
Актерот Милош Биковиќ гостуваше во една емисија и во таа прилика истакна дека неговите колеги му се како семејство, зборуваше за неговата кариера во Русија, но и за тоа колку е тешко да се снимаат сцени од интимни врски.
Имено, Биковиќ на самиот почеток изјавил дека е толку добар пријател со сите негови соученици од класата, благодарение на професорот Драган Петровиќ.
-Тој нè упати еден кон друг и затоа сме толку добри пријатели и целата група со која завршив заедно факултет ми е како семејство. Се дружиме и се собираме секогаш кога можеме. Тамара Драгичевиќ и јас ги воведовме зимовањата како дружба, го исфорсиравме тоа. Обично јас сум тој што не е често таму и мило ми е што јас сум тој што нè зближува. Тоа е вистинска пријателска љубов, изјави Милош.
Биковиќ објасни и дека интимните сцени на сетот не се онакви какви што обично другите мислат.
-Сите мислат дека во сцените се „омрсуваме брковите“, а тоа е всушност многу незгодно. 40 луѓе се во соба, во изнајмен стан. Па, сите тие ви стојат на глава и ви предлагаат што да правите, режисер, снимател, истакна Биковиќ.