
Наизглед обична журка го претворил животот на студентката Рут Пониарски во пекол.
Името, во 1977 година Рут, студентка по архитектура, заминува на мала журка на која присуствувале сите дипломци, па и доктори на наука, пренесува Мирор.
“Луѓето испија малку вино, но тоа беше тоа. Кога тргнавме дома, пријателот Џозеф ми понуди чоколаден колач за кој ми кажа дека го правела сопругата на неговиот професор. Бев гладна и не се сомневав во ништо, па го изедов колачот”, започнува со својата исповед сега 64 годишната Рут.
Она што Рут тогаш не го знаела, е дека во колачот била ставена таканаречена “анѓелска прашина” тривијален назив за психоделична (халуциногена) дрога ФЦП – фенциклидин, која предизвика брза психичка зависност.
“Дрогата започна да делува во рок од една минута. Мислев дека Џозеф сака да ме намами за да има секс со мене, но јас не бев заинтересирана. Започнав да халуцинирам. Имаше бели свеќи насекаде околу мене. Започнав да се тресам Сакав да избегнам, да скокнам низ прозор, станав дезориентирана”, раскажува таа.
Вели дека успеала да побегне и дека седнала во автомобил и се обидела да стигне до куќата на Лонг Ајленд.
“Некако успеав да возам неколку километри, а потоа продолжив пешки. Ги изгубив и чевлите, но сам одев и одев…”, ја продолжува својата исповед.
На крајот таа влегла во една продавница каде еден љубезен човек, но за неа целосен странец, сфатил што се случува и ја однел дома. Тој и помогнал со разговор да се стабилизира, и ги ублажил нејзините халуцинации.
“Косата ми беше во хаос, облеката извалкана а на нозете немав ништо, но тој човек таа ноќ со својата интервенција ми го спаси животот”, признава таа.
Рут после оваа ноќ ја однеле на психијатар, каде што добила некои лекови кои за неа само ја отежнале ситуацијата. Нејзините трипови траеле со денови.
Џозеф се извинил со објаснување дека бил глуп. Тој вели дека никогаш не се слушнале и дека таа не поднела тужба против него.
Нејзината борба продолжила. Паралелно со лековите, стравовите останале, сломовите биле речиси редовна појава, се повлекла во себе, за другите да не бидат сведоци на нервните сломови. Луѓето не ги прифаќаат психичките проблеми на другите.
Следеле дијагнози на психоза, шизофренија, анксиозност, биполарно пореметување. Пред да ги изела колачот на журката, немала никакви проблеми со менталното здравје.
Се случувало со денови да не спие, не можела да се сконцентрира на учење и се повлекла во себе.
Болеста кулминирала во 1984 година, кога имала 28 години, кога паднала низ прозор од трети спрат во текот на манијакална епизода.
“Станот под мене се реновираше и не можев повеќе да ја поднесам таа бука, морав да избегам”, признала таа.
Таа го скршила рбетот и сите зглобови. Имала осумчасовна операција и со денови била на интезивна нега целосно неподвижна.
После опоравувањето од месец дена, останала во количка а докторите и рекле дека веројатно никогаш повеќе нема да оди.
Но покажала дека тие не биле во право. За шест месеци се вратила на нозе.
Нашла и подобар психијатар кој зборувал со неа и нејзиното семејство.
Одлучила да се врати на сликањето, кое и било поголема страст од архитектурата.
Во февруари 1987 година, го запознала Ричард.
“После нашиот прв состанок имав “епизода” така што на вториот состанок речиси и ништо да не прозборев. Мислев дека никогаш нема да ме повика на состанок. Сепак, ме повика и на трет состанок. Му раскажав се. Не можеше да верува колку сум искрена. Студираше психијатрија, така да разбра се”, објаснува Рут.
Се венчале четири месеци подоцна и имаат две деца, Даглас (32) и Елизабета (30).
“Ниту кога биле тинејџери, никогаш не помислиле да пробаат дрога”, искрена е Рут која додава дека во периодот од 1987 година до 2010 година, имала само четири нервни слома.
“Од 2010 година не сум имала ниту една епизода, благодарејќи на терапијата и вистинските лекови, но и здравиот начин на живот. Моите слики ми дадоа смисла”, заклучува Рут.